Friday, November 14, 2008

ЕЛЕКТРОЛИТИ се течни проводници на електрична струја, кај кои при протекување на струјата низ нив, во самиот електролит се одвиваат некои хемиски реакции.
Носители на електрицитетот кај електролитите се ЈОНИТЕ
Електродата поврзана со негативниот пол на изворот се вика катода, а електродата поврзана со позитивниот пол на изворот се вика анода;

Позитивно наелектризираните јони се викаат катјони, а негативно наелектризираните јони се викаат анјони.

-Кон која електрода се движат насочено катјоните, а кон која електрода насочено се движат анјоните?
МЕХАНИЗАМ НА ТЕЧЕЊЕ НА СТРУЈАТА

(кликни на сликата)


  • Се јавуваат ли некои видливи промени во самиот електролит како последица на течењето на електричната струја низ него?
Што се случува кога јоните ќе дојдат во допир со електродите?






ПРВ ФАРАДЕЕВ ЗАКОН

Издвоената маса на електродата (m) е правопропорционална со јачината на струјата(I) и времето на протекување(t) :
m=kIt

k- електрохемиски еквивалент

Електрохемискиот еквивалент (к) е бројно еднаков на масата што ја издвојува електрична струја со јачина од 1A за време од 1s или електрохемискиот еквивалент бројно е еднаков на масата што се издвојува на електродата при протекувајне на количество електричество од 1С низ електролитот ( q=It)